Нова стратегија за плати

20.03.2017 17:02

Синдикатите утврдиле нееднаквост на платите на исти работни места во различни индустриски гранки...

Се крои нова стратегија за платите, зголемување на минималецот, скратување на периодот во договорите на определено, наместо за пет, ангажираните да бидат вработени во рок од три години. Предлозите ќе се најдат пред Економско- социјалниот совет. Синдикатите констатирале нееднаквост на платите, на сити работни места во различни индустриски сектори.

Социјалните партнери најавија- на маса ќе се најде и предлогот, со законот за минимална плата и колективно договарање да бидат опфатени и вработените во технолошко- индустриските зони. Во изминатиот период најголем пораст на платите имало во трудоинтензивните дејности- посочија работодавачите со став, недостатокот на работна сила ги покачи месечните приходи на работниците во овие сектори.

И владата со став- висината на зголемување на минималната плата не може да се одредува паушално, мора да има договор меѓу социјалните парнери

Долготрајната политичка криза не смее да биде пречка за остварување на трипартитивниот социјален дијалог и неговата услога во креирање и спроведување на економските и социјални политики- оценија социјалните парнери. Најавија проект за негова поглема ефикасност.

 

Сузана Фиданска- Стоевска