Фудбал - квалификации за СП 2018-та

Само победа и ништо друго за Македонија против Лихтенштајн

24.03.2017 16:36

Нашата репрезентација е во серија од пет порази, нема триумф 12 меча, а да не се пријателски, не победила на гости 22 натпревара, од нив 15 во квалификациски циклус. Според бројките противникот е уште посиромашен затоа што има седум загубени дуели по ред и во историја има вкупно само 11 триумфи и тоа против нискорангирани селекции.

Само со добар впечаток не се остваруваат резултати, па по четирите порази во квалификациите за Светското пр5венство во 2018-та, македонската фудбалска репрезентација е пред императив да триумфира. Против Лихтеншатјн, првпат и според квалитетот и по ФИФА рејтингот, Македонија ќе биде фаворит. Четири победи, меѓу нив и рекордната 11:1 пред 20-тина години, но и реми 1:1 како опомена во 2002-ра, содржи меѓусебната традиција.

Нашата репрезентација е во серија од пет порази, нема триумф 12 меча, а да не се пријателски, не победила на гости 22 натпревара, од нив 15 во квалификациски циклус. Според бројките противникот е уште посиромашен затоа што има седум загубени дуели по ред и во историја има вкупно само 11 триумфи и тоа против нискорангирани селекции.

На страна бројките, натпреварот на Рајнпарк во Вадуц се добива со чисто фудбалко знање. Во вакви мечеви нема потреба од специјални тактички варијанти. И селекторот Ангеловски е свесен дека победата би требало да биде единствена и нормална опција, а евентуален неуспех, тоа би било и нерешено, нов повод за срамење. Затоа нашиот стручен предводник најавува напаѓачка варијанта со четворица офанзивци, Пандев, Несторовски, Тричковски и Ибраими. Нема оправдување во отсуството на пожолтениот Алиоски и на повредениот Хасани. 

Со само шестмина вистински професионалци и без седуммина повредени и суспендирани, Лихтенштајн не смее да ја продлабочи македонската криза. Австриецот на домашната клупа Паурич нема да може да смета на речиси комплетната одбрана којашто и онако на четирите квалификациски меча прими 16 гола.

Во фудбалот нема однапред добиени натпревари, но почетната позиција е многу јасна, се зависи од нашите фудбалери. Преносот Лихтенштајн - Македонија ќе биде на МТВ1 во 20.45, триесетни минути порано и специјалната емисија.