Саемот на книга од денеска отворен за посетители

04.04.2017 11:05

Организаторите за годинава најавија учество на 80 издавачи и продажба на околу 80.000 книги, некои со попуст и до 70 проценти. Саемот се одржува во првата хала, на површина од 4.000 квадратни метри.

Од денеска до 10-ти април, од 10 до 20 часот, ќе биде отворен за посетители 29-от Саем на книгата, кој е меѓу најпосетените манифестации на Скопскиот саем.

Организаторите за годинава најавија учество на 80 издавачи и продажба на околу 80.000 книги, некои со попуст и до 70 проценти. Саемот се одржува во првата хала, на површина од 4.000 квадратни метри.

И оваа година ќе биде обезбедена најголемата концентрација на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста, соопшти Скопски саем.

Покрај понудата од наслови, посетителите во наредните саемски денови може да присуствуваат на 60 промоции на нови дела и автори, како и на дебати, трибини, доделувања на награди.