Богата понуда на Саемот на книга

04.04.2017 15:56

Над 80 илјади книги и повеќе од 80 издавачи. Љубителите на пишаниот збор имаат голем избор на 29 меѓународен саем во Скопје. Цените пристојни, има понуда за сечиј вкус.

Над 80.000 книги од 80-тина издавачи, промоции, работилници, детско катче, трибини и дебати ова го нуди 29-тото издание на Саемот на книгата. Овде ќе најдете книга за сечиј вкус и за сеџиј џеб. Издавачите се потрудиле со изгледот на штандовите, а таму се изложени најновите бестеселери, биографии, романи. Најавуваат промоции и попусти, гостување на многубројни автори и писатели.

Штандовите полни, граѓаните желни за добра книга. Љубителите на пишаниот збор се почесто ги читаат домашните автори, но најмногу се бараат странските. Преферираат научна фантастика, но и по некоја добра комедија или љубовна приказна.

Покрај домашните, на саемот на книга ќе се претстават и издавачи од србија, црна гора и од албанија. Влезниците се по цена од 30, односно 20 денари за групни посети. Саемот на книгата почна денеска и ќе трае до 10-ти април.

Викторија Милевска