„Марија Калас- Час“ премиерно во МОБ

05.04.2017 14:36

Утре во Македонската опера и балет премиерно ќе биде прикажана претставата „Марија Калас- Час“ во режија на Урсула Хорнер, а главната улога ја толкува Надежда Рубен. Претставата го опишува животот на оперската дива во 70- тите години, нејзиниот гламур и најголемите стравови.

Животот на оперската дива Марија Калас на и зад сцената. Нејзиниот гламур и најголемите стравови, љубовниот живот и саможртвата во име на уметноста опишана во претставата „Марија Калас- Час“. Приказната се одвива во реномираниот универзитет „Џулијард“ во Њујорк каде што оперската дива држи час по пеење. Тогаш таа се навраќа на животот и се однесува потполно непредвидливо. За екипата на МОБ, оваа претстава е голем предизвик.  

Претставата „Марија калас- Час“ е во режија на Урсула Хорнер. Премиерно ќе биде прикажа утревечер во Македонската опера и балет. Главната улога ја толкува Надежда Рубен.

Покрај „Марија Калас- Час“, вечер МОБ премиерно ќе ја изведе претставата „Балетска вечер на Бурнонвил“- ретроспектива за творештвото на данскиот и светски реномиран  кореограф Аугуст Бурнонвил.

 

Викторија Милевска