Игран филм

ЉУБОВ И ЧЕСТ

Вторник (16.01.2018) 20:15
САД, 2013

Режија: Дени Муни
Улоги: Лијам Хемсворт, Остин Стоуел, Тереза Палмер
Жанр: романтична драма/воен

Приказна за еден млад војник кој му помага на својот другар повторно да го освои срцето на својата девојка, враќајќи се од Виетнам, за време на анти воените протести.
Кога Далтон Џојнер дознава дека неговата девојка Џејн го оставила, тој ветува дека за време на еднонеделното отсуство кога ќе се врати дома, повторно ќе ја освои. Неговиот најдобар пријател Мајк Рајт прави сѐ за да му помогне, под услов и тој да си најде девојка. За седум дена и двајцата мораат да одат во САД, да го сменат мислењето на Џејн и незабележително да се вратат во војна без да ги фатат. Но, работите се менуваат кога ќе се вратат дома. Џојнер и Рајт мораат да донесат некои важни одлуки и сфаќаат што точно значи љубов, чест и посветеност.