РЕШЕНИЕ ЗА ЛИСТА од која се избираат членови на комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции во 2017 година

07.04.2017 15:21

Врз основа на член 15 став 7 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција  (Сл.весник на РМ бр.119/13) во врска со член 6 од Правилникот за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурс за создавање на нови композиции бр.01-1641/1 од 04.03.2014 година и Предлог-листа од Комисијата за бодирање на пријавените кандидати за членови на листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурсот за создавање на нови композиции  според Законот за поддршка на домашната музичка продукција бр.20-1504/3 од 29.03.2017 година, Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија Скопје го донесе следното:

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

СЕ УТВРДУВА ЛИСТА од која се избираат членови на комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции во 2017 година, а согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција, која гласи:

 

1.    ЦАНЕ ПЕТРОВ

2.    СИМЕОН ИВАНОВ КАНГО

3.    КИРИЛ ЗАРЛИНОВ

4.    БЕЌИР АЛИУ

5.    КОНСТАНТИН КАРЕВ

6.    РОБЕРТИНО САЗДОВ

7.    АЛИ БАЈРАМ

8.    ЗЛАТКО ПОПЧЕСКИ

9.    ЈОШКО БОШКОВСКИ

10.  ВАСКА НАУМОВА ТОМОВСКА

11.  ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ

12.  ТАЊА БАЈРАКТАРОВА

13.  АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВСКИ-ЈАБЛАН

14.  ТОДЕ СПАСОВСКИ

15.  ВЕСНА МАЛЈАНОВСКА

16.  ДЕАН ЌУРЧИЕВ

17.  ДИМИТАР ЧЕМКОВ

18.  ОРЦЕ ГЕЛЕВСКИ

19.  АЛЕКСАНДАР ПОСТОЛОСКИ

20.  ВАНЧО ДИМИТРОВ

21.  НЕЛКО НЕЛКОВСКИ

22.  ГРАМОС АЉИЈИ

23.  БЛАГОЈА ЗДРАВКОВСКИ

24.  БОРЧО ДИМИТРОВ

25.  ЗОРАН РУДАН

26.  ЛИЛЈАНА АВТОВСКА

27.  РИСТО АПОСТОЛОВ

28.  ВАСИЛ ФОТИУ

29.  ПАНЧЕ ИЛИЕВ

30.  ЉУПЧО ПАВЛОВСКИ

31.  НИКОЛА АВТОВСКИ

32.  ЉУПЧО СОКОЛОВСКИ

 

 

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Во Член 15 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција предвидено е Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија Скопје, по пат на јавен повик да подготвува листа од 50 лица, автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации од која по случаен избор се избираат членовите на комисијата која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот. За подготовка на листата од став 1, ЈРП МРТ во јануари во тековната година објавува јавен повик. Јавниот повик се објавува во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје и трае 30 дена од денот на објавувањето.

            ЈРП МРТ Скопје согласно законската одредба во текот на месец јануари 2017 година објави јавен повик во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје, во траење од 30 дена од денот на објавувањето.

            Од заинтересираните лица кои се јавија на повикот, а кои ги исполнуваа условите, Директорот на ЈРП МРТ согласно Предлог-листата од Комисијата за бодирање на пријавените кандидати за членови на листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурсот за создавање на нови композиции  според Законот за поддршка на домашната музичка продукција бр.20-1504/3 од 29.03.2017 година, ја состави  Листата на членови на начин како во диспозитивот на ова Решение, по принцип на бодирање при што предност имаа оние кандидати со најмногу бодови. Листата на членови се состои од 32 лица, кои ги исполнуваа условите предвидени во член 15 став 5 и 6 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција и одредбите на Правилникот за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурс за создавање на нови композиции.

 

 

 

        Јавно радиодифузно претпријатие

                                                                                 МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје