„Копање“- премиерно на сцената на МНТ

10.04.2017 14:43

Нова премиера на Македонскиот Народен Театар. „Копање“ по текст и режија на Кристијан Винклер премиерно ќе биде изведена вечер и утревечер на малата сцена во Македонскиот Народен Театар.

Пример за длабоката поделеност во светот- по политичка основа, по религиска, меѓу пријатели. „Копање“ е текст кој трага по минатото, по проблемот и стигнува до целта.

„Тоа е пример за длабоката поделеност во цел свет - дали е по политика, по религија, меѓу пријатели, поделеноста е битната тема и цело време провејува во  претставата која има три дела“- изјави режисерот и автор на текстот Кристијан Винклер.

Текстот е напишан пред седум години. Го раскажува животот на двајца другари кои повторно се гледаат по многу години. Ја бараат причината за поделеноста.

Директорот на Македонскиот Народен Театар, Дејан Пројковски вели дека ова е претстава која ќе го најде патот на голем број фестивали.

Претставата била играна и во Виена, Берлин, Грац, Њујорк и Индија.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска