Фудбал - УЕФА Европа лига (четвртфинале)

Андерлехт - Манчестер Јунајтед на МТВ1 во 21.05

13.04.2017 18:16

Статистички повредите се поголема закана за примеиерлигашот, но кај Андрелехт поради болки во рамото на клупата ќе остане најдобриот стрелец сезонава, Полјакот Теодорчик кој постигна 28 гола, седум во Европа. Ќе го замени Швеѓанецот Киезе Телин. Неиграњето на фудбалерот за врска од Хондурас, Нахар е надоместливо.

Андерлехт е во форма, лидер  е во белгиското првенство, Манчестер Јунајтед е петти во Англија, па Мурињо е се погласен дека УЕФА Европа лигата можеби е поголема шанса неговата екипа следната сезона да игра во елитното натпреварување. Пред дваесетина години кога Андерлехт го освои единствениот трофеј во тогашниот Куп на УЕФА, Манечестер последен пат играше во оваа четвртфинална конкуренција во којашто никогаш не триумфирал. Пред точно десет години, пак, Белгијците беа дел од големата осумка.

Статистички повредите се поголема закана за примеиерлигашот, но кај Андрелехт поради болки во рамото на клупата ќе остане најдобриот стрелец сезонава, Полјакот Теодорчик кој постигна 28 гола, седум во Европа. Ќе го замени Швеѓанецот Киезе Телин. Неиграњето на фудбалерот за врска од Хондурас, Нахар е надоместливо.

Кај црвените ѓаволи ќе ги нема капитенот Руни иако почна да тренира, потоа креативецот Мата и дефанзивците Смолинг и Џонс. Го пропуштија последното домашно коло, па неизвесен е и настапот на Валенсија, Јанг и Де Хеа кој и онака би бил  на клупата, бидејќи најчесто во Европа лигата бранеше Аргентинецот Ромеро.

Манчестер е во серија од шест европски меча без пораз, ги има најдобрата одбрана со само пет примени гола и Ибрахимовиќ кој бил вклучен во осум погодоци, пет како стрелец, три како асистент. И на 36 години популарниот Ибра е најдобар играч на екипата од Олд Традорд со 28 гола во сите конкуренции.

Тренерот на Андерлехт, Швајцареот Вајлер сака офанзивен фудбал, но без разлика што  неговата екипа постигна 21 гол и дома има пет победи и самое ден пораз, најави доза на претпазливост поради квалитетот на противникот.

Во шесте досегашни меѓусебни пресметки Јунајтед има четири победи, Андерлехт две и тоа во трите бриселски меча. На ниту еден немало помалку од два гола, а пред 61 година Манчестер дома славеше со 10:0.

Андерлехт - Манчестер Јунајтед, преносот ќе биде на МТВ1 во 21.05 кога ќе се одиграат и другите четврфинални натпревари, Ајакс - Шалке, Селта - Генк и Лион - Бешикташ.