Играна серија

МАРИЈА ОД НАЗАРЕТ

Сабота (15.04.2017)

Италија, 2012

Режија/ Сценарио: Џакомо Кампиоти

Улоги: Алиса Јанг, Паз Вега, Антониа Лискова

Серија за животот на Богородица, серија која што му овозможува на гледачот да биде сведок на мистериите и на доживувањата на една млада девојка, на која и е доверена голема улога.

Од Благовестие до Велигден се прикажани сите животни премрежиња на Марија, сета нејзина радост и сета тага што ја преживува. Мажите и жените околу неа и` помагаат да го извезе емотивниот гоблен на нејзиниот живот. Во тоа најмногу се залага Јосиф, нејзиниот сопруг, човек од крв и од месо, од кого се бара да поверува во единствената судбина на Марија, да се откаже од многуте права и благодети на бракот. Серијата имала рекордна гледаност на италијанската програма Раи Уно.