Овации за Битолскиот театар и „Шекспир засекогаш“ во Санкт Петербург

18.04.2017 13:16

Овации во Санкт Петербург за претставата „Шекспир засекогаш“, копродукциски настап на Битолскиот Народен театар со актерите од театарот домаќин „Вера Комисаржевскаја“. Настапот на битолчани се одржа вчеравечер...

Пред полната сала на рускиот театар „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург, македонските актери и музичари од ансамблот на Битолскиот Народен театар заедно со руските уметници ја одиграа музичко- сценската претстава „Шекспир засекогаш“. Ова е прво меѓународно гостување на оваа националната установа годинава. Беше изведен и концерт за руската публика. Директорот Светозарев вели дека впечатоците се се уште присутни кај публиката.

Соработката со руските театарски куќи ќе продолжи. Ова е континуитет на соработката од Пред четири години кога заеднички беше отворено Охридско лето со претставата „Ромео и Јулија“.

Дел од претставата беше и актерската легенда од Русија, Иван Краско, кој иако има 90 години, се уште активно настапува на штиците што живот значат. Народниот театар од Битола пролетва ќе настапи и во Канада. 

 

Дијана Ценевска