Игран филм

ЗЛОСТОРСТВА И МАЛКУ ЛАГИ

Понеделник (24.07.2017) 20:15
САД, 2013

Режија: Ден Шехтер
Улоги: Џенифер Анистон, Мос Деф, Ајла Фишер, Тим Робинс
Жанр: криминалистички/ комедија

Двајца ситни криминалци имаат идеја да го уценуваат корумпираниот претприемач од Детроит, Френк Досон, кој има милиони на своите оф-шор сметки. Френк и неговата убава жена Мики Досон живеат во едно  богато предградие на Детроит. Криминалците Луис и Ордел решаваат да ја киднапираат Мики, која пати од криза на идентитет во несреќниот брак. Мики ја сместуваат во куќата на изопачениот Ричард Едгар Монк, кој е опседнат со оружје. Следуваат неверојатни пресврти, измами и акции кои можел да ги осмисли само брилијантниот ум на Елмор Ленард.