Игран филм

ЏЕМА БОВЕРИ

Недела (30.04. 2017) 22:05

Франција, 2014

Режија: Ан Фонтен
Улоги: Фабрис Лушини, Џема Атертон, Џејсон Флеминг
Жанр: романтична комедија

Дејството на филмот, кој е работен според истоимениот роман од Поси Симондс, се одвива во Нормандија и го прикажува животот на Џема Бовери која со сопругот Чарлс се доселува на една мала фарма. Таму го запознава Мартин, човек кој е опседнат со писателот Гистав Флобер. Во моментите кога нејзиното однесување укажува на тоа дека може да заврши трагично како госпоѓа Бовери, Мартин решава да се вмеша во нејзината судбина.