Игран филм

СТАНОТ

Недела (16.07.2017) 23:25

САД, 2014

Режија: Ерик ван Лој
Улоги: Карл Урбан, Џејмс Марсден, Вентворт Милер
Жанр: трилер

Петорица мажи потајно изнајмуваат стан каде што можат без страв да уживаат во вонбрачни љубовни афери и да си ги остварат најголемите фантазии. Меѓутоа, фантазијата се претвора во ноќен кошмар кога во станот наоѓаат мртво тело на непозната жена и дека еден од нив има врска со овој настан. Тие стануваат параноични, почнуваат да се сомневаат секој во секого, што ги доведува во прашање меѓусебното пријателство и доверба. Истовремено, под притисок на страв, сомнеж и убиства, почнуваат да им се распаѓаат и браковите.