Три изведби на мјузиклот „Тајно моја“ во МОБ

19.04.2017 11:00

Во претставите вечер и на 21-ви април главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, а утре Гиговска ќе настапи со Денис Димовски.

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески денеска, утре и задутре повторно ќе биде на репертоарот на Македонската Опера и Балет поради голем интерес од публиката.

Во претставите вечер и на 21-ви април главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, а утре Гиговска ќе настапи со Денис Димовски.

Во останатите улоги настапуваат еминентни македонски актери, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ, а диригент е Иван Еминовиќ.