„Алфабет“ произведе часовник за следење на здравјето

19.04.2017 11:27

Според првите проценки, овој часовник е подобар од часовникот на Гугл за следење на здравјето, објави „Верџ“.

Американската компанија „Алфабет“ произведе паметен часовник наречен „Стади Вач“ наменет за следење на здравјето, кој ќе се користи за опсервациски здравствени истражувања.

Според првите проценки, овој часовник е подобар од часовникот на Гугл за следење на здравјето, објави „Верџ“. 

Часовникот е дизајниран за мерење на релевантните сигнали за следење на кардиоваскуларните проблеми, нарушувањата во движењата и други слични здравствени проблеми. Сите овие податоци се складираат и чуваат во часовникот.

Посебен предизвик за „Алфабет “беше да креира часовник кој може да се носи секој ден, во што на крај и успеа. Освен долготрајните батерии, кои траат седум дена, „Стади Воч“ може со недели да чува податоци за здравјето, кои не мора често да се синхронизираат. Притоа, часовникот на екранот не прикажува никакви нотификации за податоците кои ги чува, туку само времето и датумот.

Компанијата Алфабет соопшти дека часовникот се уште не е во продажба, туку се користи само во истражувачки цели.