Отворен саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“

19.04.2017 16:17

Македонските компании од информатичко- комуникацискиот сектор пред сериозен предизвик да најдат работници. Факултетите продуцираат квалитетни кадри, но и побарувачката е голема. Отворен саемот за вработување...

Студентите на ФИНКИ и ФЕИТ на Саемот за вработување гледаат можност за остварување контакт со компании кои се заинтересирани да им понудат практика за да стекнат повеќе технички знаења надвор од студиските програми на факултетите.

Но, освен можност за студентите, саемот кој е отворен до 22-ри април нуди можност и за ИТ- компаниите да најдат кадри кои би ги вработиле. Досегашното искуство покажало дека македонските дипломци успешно се справуваат со предизвиците на домашаната, европската и светската ИТ - индустрија.

Според податоците, во Македонија се регистрирани 1.680 фирми со 11.989 вработени во дејностите трговија со компјутери, опрема, софтвер, телекомуникациски дејности, компјутерско програмирање, компјутерски консултантски услуги, обработка на податоци. Од нив 67 се отворени од почетокот на годината, што е десеткратно зголемување на бројот на фирми во овие дејности споредено со периодот од пред десет години.

Изминатите три изданија на саемот „Контакт“ резултирале со 100 вработувања  и 500 практики за студенти од факултетите од  вкупно 50 компании.

Наташа Јанчиќ