Македонците сѐ помалку консумираат цигари

19.04.2017 16:39

Македонија ги следи европските трендови. Се намалува потрошувачката на цигари во земјава. Како главни причини се посочуваат повисоките цени, куповната моќ на граѓаните, законската регулатива, но и здравствениот аспект.

Континуиран пад на потрошувачката на цигари во Македонија, за 2 до 4 насто на годишно ниво во изминатите 4 години. Зголемена грижа за здравјето, построги закони, застрашувачки слики што производителите законски мора да ги објават на амбалажата- анализира тутнската индустрија. Македонците во просек пушат по речиси една кутија цигари.

„Потрошувачката на цигари во Македонија последните четири години бележи контиуниран пад од 2 до 4 насто. Клучни причини за намалување на потрошувачката на цигари се куповната моќ, промената на цените, здравствениот аспект, а во последно време и законската регулатива која забрани пушење во затворен простор“, посочува Кирил Величковски, директор во ТКС.

И покрај намалената потрошувачка во Македонија, раст на производството заради зголемен извоз бележат производителите. Последното поскапување на цигарите од пет денари е интерна одлука, фактор не е само зголемувањето на акцизата што треба да се случи во јуни- вели менаџментот на Империал Тобако.

„На формирањето на продажната цена влијаат многу услови- акцизите, цената на тутунот, основните додатоци. Што ќе се случува со цената на цигарите во наредниот период не можеме да кажеме. Некогаш и зголемувањето на акцизата не значи и повисока цена. Последното поскапување беше инетрна одлука согласно проценките за позиционирање на пазарот“, вели Стеван Вранеш, директор во ТКС.

Компанијата лани откупи речиси две илјади тони тутун, планира за 30 насто да го зголеми производството. На име даноци, годишно придонесува со 100 милиони евра во државната каса.

 

Сузана Фиданска- Стоевска