Се гради магистралниот гасовод Неготино- Прилеп- Битола

19.04.2017 16:48

Од почетокот на годинава се гради магистралниот гасовод Неготино-Прилеп- Битола. Се расчистува трасата, инсталацијата е речиси до Плетвар. Стопанствениците може да очекуваат ефекти по две години со што, велат ќе им се намалат трошоците за производство. За граѓаните, прво треба да се изгради дистрибутивниот систем.

Магистралниот гасовод Неготино- Прилеп- Битола стигна пред Плетвар, на 25  километри од Прилеп. Работите на 92- километарската делница почнаа во јануари, и се во вредност од 36 милиони евра.

Се очекува во 2019-та година природниот гас да стигне до стопанските капацитети во Прилепско, кои очекуваат намалување на трошоците во производствто.

За граѓаните да го користат гасот, во февруари се отвори огласот за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот процес. Постапките за избор на фирми во трите региони- Скопскиот, Источна и Западна Македонија треба да завршат оваа, а в година да се гради дистрибутивниот систем.

Од четирите краци во земјава, изграден е кракот Клечовце-Штип од 61 километар со клириншкиот долг на Русија кон Македонија, 65 проценти е готов кракот од Штип до Неготино од 36 километри, а 15 километри се расчистени на трасата Скопје- Тетово-Гостивар.

Елизабета Митреска