Бесплатни технички проекти за откупни центри

20.04.2017 10:30

Земјоделците и задругите може да добијат бесплатни технички проекти за изградба на откупно-дистрибутивни центри. Планот е тие да се користат исклучиво за трговија со овошни и со градинарски производи со можност да се прилагодуваат според потребите на земјоделците.

Овоштарите и градинарите можат да добијат бесплатно техничка документација за современ откупно-дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук. Центрите заедно со инфраструктурата ќе бидат со површина од најмалку 6.500 квадратни метри.

Откупниот центар ќе може да се надградува и менува во зависност од потребите на земјоделците или нивните задруги.

Основниот проект предвидува објект со големина од 1.000 квадратни метри со две комори за ладење на 147 тони овошје или зеленчук. Во него се проектирани и линии за калибрирање, пакување, амбалажа и електронска вага.

Пристапот, комуналиите, стујата и сите инфраструктурни елементи на откупно- дистрибутивните центри се проектирани според современите стандарди.

Техничкиот проект е бесплатен за сите кои се заинтересирани да инвестираат во ваков објект.

 

Методија Трајков