Игран филм

ЕСКОБАР- ИЗГУБЕНИОТ РАЈ

Понеделник (24.04.2017) 20:15
Франција/ Шпанија/ Белгија/ Панама, 2014

Режија: Андреа ди Стефано
Улоги: Бенисио дел Торо, Џош Хачерсон, Бреди Корбет
Жанр: криминалистички/ драма/ историски

Приказната е раскажана од страна на еден младиот  Ник, сурфер од Канада, кој рајот на земјата го пронаоѓа во Колумбија. Таму ја запознава заводливата и прекрасна Колумбијка, Марија, во која тој страсно се заљубува. Но, во моментот кога Марија му го претставува својот вујко  Пабло Ескобар на Ник, сите работи се менуваат. Тој го поканува Ник и неговиот брат Дилан во својата ,,куќичка” на забава. Кога дознава дека тие имаат проблем со локалните измамници, Пабло се нуди да се ,,погрижи” за нив. Ник се вовлекува во светот на екстраваганција, корупција и крвопролевање, од каде не гледа излез.