Игран филм

КАДИЛАК РЕКОРДС

Среда (26.04.2017) 20:15
САД, 2008

Режија: Дарнел Мартин
Улоги: Адриен Броди, Џефри Рајт, Бијонсе Ноулис
Жанр: музичко-биографска драма

Филмот претставува приказна за Леонард Чис, основач на моќната дискографска куќа Чис рекордс.
Чикаго, 50-тите години на минатиот век. Возбудливи и турбулентни животни патишта на некои од легендите на американската музичка сцена кои снимале за Чис рекордс. Секс, насилство, трки, рокенрол.. и Мос Деф како пионер на рокенролот, Чак Бери, Бијонсе Ноулис во улога на соул пејачката Ета Џејмс и Адриен Броди како белецот Леонард Чис, кој го препознал големиот потенцијал на црнечката музика.