Игран филм

АТЕНТАТОТ НА РИЧАРД НИКСОН

Четврток (27.04.2017) 22:15
САД, 2004

Режија: Нилс Мелер
Улоги: Шон Пен, Наоми Вотс, Дон Чидл, Џек Томсон, Мајкл Винкот
Жанр: биографска драма/ трилер

Потресна психолошко-политичка  драма која се одвива во 1974 година која е работена според вистински настан од животот на Семјуел Бајк. Тој ги изгубил сите илузии за ,,големите ветувања” на американскиот сон и решава да изврши атентат врз Ричард Никсон. Се смета дека тој е прв во историјата  кој грабнал авион со цел да биде самоубиствена експлозивна направа. Филмот освоил посебно признание од американските критичари за извонредно остварување, а бил номиниран и  за промоција на демократијата која ја доделува американското здружение за политички филм. Филмот ја истражува мрачната страна на американскиот сон и како таков, претставува сериозна и остра критика на американското општество и култура.