Игран филм

ДИВИ ПРИКАЗНИ

Петок (28.04.2017) 21:05
Шпанија/ Аргентина, 2014

Режија: Дамијан Сифрон
Улоги:  Лијана Екерман, Луис Мануел Алтамирано Гарсија, Алехандро Ангелини
Жанр: драма/ комедија

Страст, прекрасна музика и извонредни аргентински глумци. Филмот има номинација за Оскар и многу награди и признанија на филмските фестивали. Аргентинскиот режисер Дамијан Сифрон и продуцентите на филмот, браќата Алмодовар, ни прикажуваат  шест кратки приказни кои ги поврзува одмазда, многу црн хумор и возбуда. Секој народ има своја метафора или еден збор со кој ја опишува одмаздата. Без оглед на националност, јазик и место на планетата, оваа застрашувачки човечка особина никому не му е непозната. Низ овие шест приказни секој може да се препознае, без оглед што тие го отсликуваат современото аргентинско општество. Ликовите во приказните се однесуваат импулсивно и одмазнички, а тоа што се случува на крајот, ги надминува сите очекувања.