Игран филм

ПОД ОПСАДА

Сабота (29.04.2017) 20:15
САД, 2013

Режија: Уве Бол
Улоги: Реј Лиота,  Доминик Прсл, Ерин Карплок
Жанр: трилер

Четворица платени убијци, предводени од извесен Барон, се претставуваат како агенти на Тајната служба, со намера да се вселат во куќата на вдовицата Елен. Нејзниот дом има одлична позиција за поставување на снајпер со кој планираат да го убијат претседателот на САД. Но, воениот ветеран и полициски службеник Тод, согледува дека овие луѓе имаат некаква намера,  и бидејќи има симпатии кон Елен, започнува да ги „истражува“ агентите и во самоодбрана убива еден од нив. Тој и Елен мораат да пронајдат начин да го спречат Барон и неговите двајца помошници, пред да биде предоцна.