Македонско- турски бизнис форум

20.04.2017 12:35

Бизнисмените велат- политичката криза не влијае на развојот на корпоративната соработка што треба да биде дополнителен импулс за заеднички настап на трети пазари.

Турски компании од информатичко- комуникациските технологии и медицинската дејност бараат деловни партнери за бизнис во Македонија. Велат, политичката криза не влијае на развојот на корпоративната соработка што треба да биде дополнителен импулс за заеднички настап на трети пазари.

На форумот учествуваат компании и од здравствениот сектор, а целта е унапредување на корпоративната соработка, заедничко учество во ЕУ проекти и заеднички настап на трети пазари. Од страна на Измирската комора присутни се 22 компании од кластерите од оваа област, а од македонската страна, 20 компании од Здружението на ИКТ и Асоциација на приватните компании од здравствен сектор.

Трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува 450 милиони евра.