Филмот „Ах, љубов моја“ премиерно на Скопскиот филмски фестивал

20.04.2017 15:30

Позната пејачка, која по успешната турнеја и бурните емотивни проблеми, по раскинувањето на љубовната врска, доаѓа во хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. По средбата со поранешниот љубовник се тргнува наопаку. Филмската комедија, „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски, утре премиерно филмот на Скопскиот филмски фестивал.

Љубов гледана од хумористичен аспект. „Ах, љубов моја“- приказна за позната поп пејачка која после турнеја низ турција и емотивни проблеми предизвикани од раскинување на долгогодишна љубовна врска, сака да се одмори. Но, се тргнува поинаку, откако во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник.

Филмот „Ах, љубов моја“ е снимен на повеќе локации во земјава и во него играат главно помлади актери. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Вкупниот буџет за „Ах, љубов моја“ е околу 20 милиони денари.

Публиката премиерно ќе може да го види на Скопскиот филмски фестивал, а од 27-ми април ќе биде на редовниот репертоар во кината низ Македонија.

Ана Јосифоска- Тодоровска