Студено и ветровито

21.04.2017 10:43

Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата.

Времето денеска суво, студено и ветровито. Ветерот ќе биде северозападен, особено изразен долж повардарието.

Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата. Дневната температура дополнително ќе се намали и ќе достигне од 6 до 13 степени.

Од сабота, дневната температура ќе биде во пораст.