Американските власти ќе покренат обвинение против Асанж

21.04.2017 11:30

Според новите докази, Асанж му помагал на Едвард Сноуден во обелоденувањето на украдените доверливи документи од Националната Агенција за безбедност.

Американските правосудни власти ќе покренат формално обвинение за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, и за негово апсење, јавува СИ-ЕН-ЕН. Новиот директор на ЦИА, Мајк Помпео, го обвини порталот дека дејствува против државата.

Според новите докази, Асанж му помагал на Едвард Сноуден во обелоденувањето на украдените доверливи документи од Националната Агенција за безбедност.

Поранешниот австралиски хакер се крие во Еквадорската амбасада во Лондон, за да не биде екстрадиран во Шведска, каде што е осомничен за сексуално насилство.