Иран: Ахмадинеџад дисквалификуван од претседателската трка

21.04.2017 11:46

За изборите на 19 мај се пријавиле над 1.600 кандидати...

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е дисквалификуван од претседателската трка.

Советот на чувари, кој ги одобрува кандидатурите, избрал шест кандидати, меѓу кои и актуелниот шеф на државата Хасан Рохани и Ебрахим Раиси, близок соработник на Ајатолахот Али Хамнеи.

За изборите на 19 мај се пријавиле над 1.600 кандидати, меѓу кои и 130 жени.