Најмалку 27 повредени во автобуска несреќа во САД

21.04.2017 12:56

Медиумите пишуваат дека автобусот удрил во дрво, а најверојатно брзото возење имало улога во несреќата.

Најмалку 26 ученици од средно училиште и еден возрасен биле повредени во автобуска несреќа во Западна Вирџинија.

Медиумите пишуваат дека автобусот удрил во дрво, а најверојатно брзото возење имало улога во несреќата.

Учениците патувале на тренинг по американски фудбал на универзитетот „Вест Либерти“ во Западна Вирџинија.