Исламска држава презеде одговорност за нападот во Париз

21.04.2017 13:04

Одговорноста за вчерашниот напад на Елисејските полиња во Париз, во кој беше убиен еден полицаец, а двајца се сериозно повредени, ја презеде Исламска држава. Вториот осомничен за нападот, по кого трагаа француските власти, ѝ се предал на белгиската полиција. Францускиот претседател Оланд оцени дека станува збор за терористички напад и најави апсолутна претпазливост пред претседателските избори в недела.

Истрагата напредува за терористичкиот напад вчера вечер на Елисесјките полиња, утрвден е идентиетот на напаѓачот. Станува збор за лице кое и било познато на полицијата поради кривични дела. Медиумите зборуваат дека напаѓачот е Карим Шеруфи, на возраст од 39 години со место на живеење во Ливри- Гарган во Сен Сан Дени, во парискиот регион. Тројца негови блиски по претресот на неговиот дом се во притвор и на сослушување. Истрагата има за цел да утврди дали напаѓачот имал соучесници. При претресот полициски извори велат дека се најдени документи за неговата радикализација. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

Во нападот беше убиен еден полицаец и еден друг тешко ранет, но неговиот живот не е во опасност, како и една минувачка. Напаѓачот беше застрелан од полицијата.

Во Елисејската палата доцна синоќа, како и изутринава се одржа вонреден состанок на претседателот Франсоа Оланд со членови на владата од советот за одбрана. Претседателот му оддаде почит на загинатиот полицаец и на сите безбедносни сили, потврдувајќи дека станува за терористички напад.

„Ние мора да сфатиме дека нашите полициски сили се изложени. Ќе ги повторам, тука сите обврски што ги направив. Мора да се направи сè што е потребно за да силите на редот, полицајците, жандармите и војската ја остваруваат нивната мисија. Нашите граѓани се заштитени, тие треба да бидат заштитети. Тие ќе бидат заштиетни“, рече претседателот Оланд.

Премиерот, Бернар Казенев, повика на единство и борбат против прекумерното заплашување и страв, повикувајќи никогаш да не се попушти  пред поделбите.

„Во предвечерието на значаен настан за земјата повикувам на одговорност и достојност на секого. Тоа е наша должност да не се попушта пред прекумерниот страв, заплашувањата, манипулациите кои се во служба на непријателите на Републиката. Треба да не попуштаме пред поделбите. Против тоа мракобесие и нетрпеливост мора да се води борба. Единството е тоа што треба, како никогаш досега, да надвладее“, нагласи Казенев.

Казенев тука мислеше на првиот круг од претседателските избори кој се одржува во недела и кој ништо не смее да ги спречи овој демократски процес, фундаментален за земјата.

Последниот ден од кампањата нема да биде нормален, некои канидати ги одложија митинзите. А, за безбедноста на 67.000 гласачки места се мобилизирани 50.000 полицајци и жандарми и околу 7.000 војници.

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ