Кампања на МЖ Транспорт: „Не за селфи на воз- вреди да живееш“

21.04.2017 13:48

Поводот се еден смртен случај и неколку повередни момчиња. Со делење флаери кампањата почна во средното училиште „Владо Тасевски“.

„Не за селфи на воз- вреди да живееш“- со кампања Македонски Железници Транспорт ќе ја подига свеста кај учениците да не се сликаат на вагоните и да внимаваат на високо напонските жици. Поводот се еден смртен случај и неколку повередни момчиња. Со делење флаери кампањата почна во средното училиште „Владо Тасевски“.

Ќе делуваме едукативно кон младите луѓе да го користат возот како  превозно средство, а не за качување на крововите и правење фотографии. Имаме многу  поубави места за фотографии во возот и во Македонија каде можеме да отидеме со воз, да излеземе надвор и да направиме фотографии, рече Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт.

Апелира до младите да бидат внимателни и одговорни, а родителите да им укажат дека вагоните и возовите во депоата на МЖ и во кругот на станичните места се места над кои поминува електрична мрежа под висок напон од 25.000 волти. Ризично е и може да биде фатално, како што нагласи, да се виде близу и на еден или еден и пол метар до инсталацијата.