Метео: Дневните температури во благ пораст

21.04.2017 14:02

Утре минималните температури на места ќе бидат за два до три степени пониски од денешните, а максималните дневни во благ пораст.

За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утре минималните температури на места ќе бидат за два до три степени пониски од денешните, а максималните дневни во благ пораст.

Ќе дува умерен северен ветер. Во недела потопло со понатамошен пораст на температурите, а во попладневните часови ќе има услови за локално наоблачување со на места можен слаб локален дожд.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска