Скопје добива нов забавен парк

21.04.2017 14:07

Новиот забавен парк ќе се гради во неколку фази. Во првата фаза ќе се работи на инфраструктура - водоводна, фекална, атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување за што се издвоени околу 101 милион денари. Веќе е избрана градежна фирма.

Скопје добива нов модерен и забавен Луна парк. Етапно ќе се градат нова инфраструктура, придружни објекти и ќе бидат поставени нови забавни реквизити. Ќе чини 6,5 милиони евра. За неговата изградба нема да се зема од зеленилото во градскиот парк, уверува градоначалникот Коце Трајановски.

Новиот забавен парк ќе се гради во неколку фази. Во првата фаза ќе се работи на инфраструктура - водоводна, фекална, атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување за што се издвоени околу 101 милион денари. Веќе е избрана градежна фирма.

Распишан е тендер и избрани се добавувачи на седум реквизити кои ќе бидат набавени во првата фаза или оваа година. Рокот на нивното пристигнување е шест месеци од склучување договор и очекуваме да бидат донесени во јули/август. Добавувачот е должен да ја направи основата, да монтира и пробно да ги пушти реквизитите во употреба, со што целосно ќе биде негова одговорноста во функционирање на реквизитите, рече Трајановски.

Во првата фаза ќе се постават еден адреналински, два полуадреналински, еден воз на шини и три детски реквизити. За набавака на овие реквизити предвидени се 130 милиони денари.

За останатите реквизи, како што рече, предвидено е во развојната програма на Град Скопје по 100 или 120 милиони денари во 2018 и 2019 година.

Трајановски потенцира дека во рамки на новиот забавен парк ќе се изградат ресторани, театар, админстративни објекти, влезна и излезна партија на паркот.