Австрија: Уапсени 26 членови на антидржавно движење

21.04.2017 14:16

Луѓето кои се претставувале како „Противници на државата“ создале сопствена нелегална држава при што планирале да „апсат“ и да „им судат“ на пратеници, судии и банкарски службеници.

26 лица, осомничени за подготовка на насилни активности, биле уапсени вчера во австрија во масовна операција против антидржавно движење, кое ја отфрла секоја државна власт, откако неговата масовност предизвика загриженост кај австриските власти.

Луѓето кои се претставувале како „Противници на државата“ создале сопствена нелегална држава при што планирале да „апсат“ и да „им судат“ на пратеници, судии и банкарски службеници. 

Во октомври двајца „Граѓани  на рајхот“ од соседна Германија, отворија оган кон полицајци и убија еден од нив.