Правници на јавна дебата во Скопје

21.04.2017 15:25

Академици, судии, обвинители, професори, правници од земјава на јавна расправа. Ги отворија прашањата за употреба на присилни средства, за незаконски снимени материјали, класифицирани информации, за трансарентноста во постапката.

Не е праведно во постапката во која се уште не знаеме дали осомничениот го сторил делото да се применуваат присилни средства и други недозволени начини за собирање на докази – вели академик Владо Камбовски. Според него, доказот може да е незаконски прибавен, но, може да биде искористен во постапката.

Јавноста треба да знае, вели судијката Неделкова, зошто судот прифатил или отфрлил некаков доказ, бидејќи на тој начин ќе се отфрли претпоставката дека некои судии постапуваат по политички инструкции.

Професорката Гордана Бужаровска смета дека класифицираните информации, може да се користат во судница, но треба да се води сметка за постапката како ќе влезат во листата на докази. 

Кога се во прашање незаконски стекнатите докази, обвинителот на СЈО, Гаврил Бувбевски вели има различно искуство - во случајот „Шпион“, повикувајќи се на јавниот интерес,  Апелацискиот суд ги прифатил снимките, во случајот пак со насилството во Општина Центар, судот ги издвоил затоа што оценил дека се незаконски.

 

Анита Димитријевска