16-то продолжение на конститутивната седница

21.04.2017 15:28

Ново продолжение на конститутивната собраниска седница. Повторно во преден план процедуралните забелешки. За дискусија има пријавени уште 40-тина пратеници.

Далекусежни последици ќе има македонската држава со прифаќањето на албанската платформа бидејќи крајната цел е федерализација преку менување на државните обележја- рекоа од собраниската говорница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Побараа, наместо прифаќање на платформата, Сцијал-демократите и албанските партии во земјава да лобираат кај Албанија, земјава да биде признаена под уставното име.

Социјал- демократите и албанските парламентарни партии денешното продолжение на конститутивната седница ја следеа со неколкумина пратеници во салата.

Конститутивната седница продолжува в понеделник.

Миле Ристески