Игран филм

КОНЦЕРТ НА ЖИВОТОТ

Недела (28.05.2017) 20:15
САД, 2013

Режија: Еухенио Мира
Улоги: Елајџа Вуд, Џон Кјузак, Кери Бише, Тамсин Егертон
Жанр: трилер/ мистерија

Том бил еден од најталентираните пијанисти од својата генерација, но ја прекинал кариерата поради преголемата трема која ја чувствувал пред настап. Неколку години по неговиот последен катастрофален настап, Том се подготвува за долго очекуваното враќање на сцената. Непосредно, пред да започне,  тој пронаоѓа напишана порака на нотите дека ако отсвири една погрешна нота- ќе умре. За време на концертот на него ќе внимава еден полуден снајперист.