Фудбалерите на Вардар го одбранија шампионскиот трофеј

07.05.2017 20:03

Вардар ја совлада Македонија ЃП со 6:0 и на четири кола пред крајот се промовира во старо-нов шампион на Македонија.

Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата беа натпреварите од 32.рунда по која тимот на Вардар создаде недостижна предност на врвот на табелата и ја одбрани шампионската титула.

Вардар ја совлада Македонија ЃП со 6:0 и на четири кола пред крајот се промовира во старо-нов шампион на Македонија.

Пехарот на „црвено-црните“ ќе им биде доделен на последниот натпревар од сезоната.

Резултати:
Пелистер – Ренова 3:0,
Шкендија – Брегалница 3:0,
Шкупи – Победа 1:2,
Силекс – Работнички 0:2 и 
Вардар – Македонија ЃП 6:0.

Табела: Вардар 75 бода, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21 и Македонија ЃП 19.