УЕФА Европа лига (реванш - полуфинале)

Ајакс и Манчестер Јунајтед по потврда на финалето

11.05.2017 16:16

Иако без Ибрахимовиќ, Рохо и Шо, Манчестер Јунајтед е голем фаворит конечно да дојде до финалето на УЕФА лигата или купот. Црвените ѓаволи кои во Виторија ја совладаа Селта со 1:0 сезонава дома победија на сите шест дуели и никогаш не биле елиминирани кога прво славеле на гости.

Ајакс и Манчестер Јунајтед се блиску до финалето на УЕФА Европа лигата, но победите во првите полуфинални дуели не ги отпишуваат, берем не теоретски, Лион и Селта.

За се уште да има шанса да биде првата француска екипа којашто го освоила УЕФА натпреварувањето, Олимпик треба да го надополни амстердамскиот пораз од 4:1 или да  го повтори двомечот со Бриж од 2002-та година кога беше во иста ситуација. Лион којшто од елитната се префрли во Европа лигата, славеше во трите домашни дуели сезонава и постигна 13 гола, меѓу нив и седумте против холандски АЗ Алкмар. Откако го пропушти првиот натпревар, во стартната постава ќе се врати главниот напаѓач Лаказет кој сезонава постигна 31 гол, па Французите ќе бидат копмлетни без разлика што не се доволно опоравени Диакаби, Толисо и Мбива.

Добри вести и за Ајакс бидејќи завршија суспензиите на двајцата дефанзивци, Вајргевер и Велтман, па во конкуренција не е само повредениот Синкгравен. Холанѓаните никогаш не загубиле од Лион, имаат три победи и две реми, но не триумфирале на последните пет европски гостувања. Седумпати освојувачот на УЕФА купот од 1992-та бил елиминиран кога славел на првиот меч дома, никогаш кога имал позитива од три гола, но има четири европски порази од по 3:0 во богатата историја.

Иако без Ибрахимовиќ, Рохо и Шо, Манчестер Јунајтед е голем фаворит конечно да дојде до финалето на УЕФА лигата или купот. Црвените ѓаволи кои во Виторија ја совладаа Селта со 1:0 сезонава дома победија на сите шест дуели и никогаш не биле елиминирани кога прво славеле на гости.

И покрај незавидната ситуација, Шпанците не се откажуваат од надградување на европскиот клупски успех. Селта има позитивен биланс во Англија, три победи и два пораза, а трите гостински триумфи сезонава ги оствари со по 2:0.

Двете реванш полуфиналиња почнуваат во 21.05, преносот од Лион - Ајакс ќе биде на МРТ - Собранискиот сервис.