Игран филм

ЈАС, ДОН ЖУАН

Недела (28.05.2017) 21:40
Италија/ Шпанија, 2009

Режија: Карлос Саура
Улоги: Лоренцо Балдучи, Лино Гуанчиале, Емилија Верџинели, Тобијас Морети
Жанр: музичка драма/ костимиран

Кон средината на 18 век, поетот, писател и свештеник, инаку преобратен Евреин, Лоренцо да Понте, живее слободен живот, љуби многу жени и пишува критички текстови на сметка на клерот, со што набрзо ја предизвикува Инквизицијата, и од тие причини се преселува во либералната Виена. Таму, преку својот добар пријател Казанова, го запознава дворскиот композитор Салиери, како и Моцарт, талентиран млад композитор кој неодамна пристигнал во Виена. За крако време, Лоренцо добива можност да напише либрето за новата опера на Моцарт, за големиот заводник Дон Жуан, додека во реалниот живот му се случува токму спротивното. Тој се заљубува во убавата Анет, која му станува единствена жена.