Путер или магргарин - што е поштетно за здравјето

15.05.2017 17:02

Со анализа на резултатите од педесетина студии за влијанието на заситените масти и индустриски транс масните киселини врз ризикот од мозочен удар, срцеви заболување и дијабетис тип 2, канадските научници „пресудија во корист на путерот“.

Вечната дискусија за тоа дали е поздраво (односно помалку штетно) да се консумира путер или маргарин конечно е завршена. 

Со анализа на резултатите од педесетина студии за влијанието на заситените масти и индустриски транс масните киселини врз ризикот од мозочен удар, срцеви заболување и дијабетис тип 2, канадските научници „пресудија во корист на путерот“. 

Имено, досегашните истражувања покажале дека намирниците што се богати со транс масни киселини се поштетни за здравјето отколку путерот или сирењето кои содржат заситени масти. 

Сепак, научниците препорачуваат да се избегнува храната што содржи заситени масти или пак индустриски транс масни киселини.