Лани зголемен бројот на кинопретстави

16.05.2017 14:13

Минатата година во 14 кина биле прикажани 985 филмови и 16.295 кинопретстави во кои имало 441.017 посетители...

Во Македонија минатата година во 14 кина  биле прикажани 985 филмови и 16.295 кинопретстави во кои имало 441.017 посетители, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во 2016 година, во споредба со 2015 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 9,7 проценти.