Цените на становите стабилни, со квалитет- тенденција на раст

16.05.2017 16:11

Пазарот на недвижности е стабилен. Цените нема да паѓаат. Квалитетната градба и недостигот од работна сила може да ги покачат- велат инвеститорите. Градежниот сектор со став- политичката криза се чувствува, но градбите продолжуваат, интерес за нови домови има.

Пазарот на недвижности е стабилен, побарувачка за станови има, но цените нема да паѓаат, има тенденција квадреатен метар да поскапи- тврдат инвеститорите. Енергетската ефикаснот, квалитетот на градба и недостатокот на работна сила предизвикуваат осцилации. Но, речиси непродадени станови на атрактивна локација нема- тврдат градежниците.

„Зголемен број на одобренија за градба, стабилен пазар на недвижности и немање осцилација во цената, тоа се се показателите дека градежништвото засега е во добра кондиција“, изјави Робер Хот, претседател на Градежанта комора при ССК.

Градежниот сектор има работа, но не е имун на кризата. Менаџерите немаат храброст да почнат поголеми инвестиции, наместо за три дена за некои работи чекаме со месеци- тврдат од Градежаната комора

„Кризата се чувствува. Немам храброст да почнам нови инвестиции зашто за некои работи што порано можеа да бидат за три дена, сега се чека со месеци. Тоа значи, ако во овој момент имам 400 вработени, а кризата не се надмине, нема да останат ниту 40. Се надевам дека ќе се освестиме дека живееме од бизнисот, даноците и дека кризата ќе се надмине“, вели Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежна компанија.

Во Скопје, цените на станови се пониски споредбено со Белград двојно, со Бугарија, за 20 до 30 насто- тврдат домашните инвеститори. 400 евра почетна инвестиција, 600 минимум вложувања. Велат купувачите бараат квалитни градби, нема логика метар квадратен да повтини.

„Тие станови на добра локација, нема да паѓаат, но има станови што се на лоша локација и гледаат едни спрема други згради, тие нема да се продадат“, изјави Зоран Азманов, сопственик на градежна компанија.

„Тенденција е цената да расте, зашто се вградуваат сѐ поквалитетни материјали“ вели Ивица Јакимовски, сопственик на градежна компанија.

Најбарани се становите со големина од 40 до 60 квадрати, најмногу се купува во Аеродорм и во Карпош. За долгорочна заштеда и поквалитетно живеење, според градежниците „Еко дом“ е најдобра инвестиција.

 

Сузана Фиданска- Стоевска