Компаниите се општествено одговорни

17.05.2017 15:23

Меѓу компаниите и граѓанскиот сектор има соработка и таа дава резултати. Но има недоволна информираност и транспарентност кога станува збор за општествената одговорност, велат од Комората на северозападна Македонија. Бизнисмените сметаат дека актуелната состојба во земјава влијае на компаниите, недоволно се инвестира, што го кочи развојот на фирмите.

Расте општествената одговорност кај дел од компаниите велат од Комората на Северозападна Македонија. Компаниите се отворени за соработка и со грѓанскиот сектор, но велат има недоволна информираност и недоверба во однос на неговата транспарентност. Се вложува во образованието, во здравството, културата, спортот и другите сфери од општествено значење.

Бизнисменот Лирим Мерсими вели дека неговата компанија најмногу инвестира во развојот на нови кадри кои ќе претставуваат движечка сила за малите и средни претпријатија во земјава.

Проектот „Финансиска одржливост на граѓанските организации преку соработка со бизнис секторот“ финасиран од ЕУ, треба да ја поттикне општествената одговорност и да овозможи финасиска одржливост.

Бизнисмените сметаат дека актуелната состојба во земјава влијае на компаниите, недоволно се инвестира, што го кочи развојот на фирмите.Очекуваат разрешница во која силен сигнал ќе има економијата.

Дијана Ценевска