Јапонија загрижена поради поморска линија меѓу Северна Кореја и Русија
18.05.2017 13:12
На пристаништето на Владивосток пристигна првиот патнички брод од Северна Кореја со 40 патници кои се претставници на кинеската патничка агенција и руски државјани.

Јапонија изрази загриженост поради покренувањето на првата поморска линија меѓу Северна Кореја и Русија. На пристаништето на Владивосток пристигна првиот патнички брод од Северна Кореја со 40 патници кои се претставници на кинеската патничка агенција и руски државјани.
Туристичкиот превоз ќе стартува следната недела. Севернокорејскиот град Расон, што се граничи со руската поморска територија и кинеската провинција Џилин има статус на специјална економска зона.