Анкара ќе се збогува со Берлин ако Германија ја напушти базата во Инџирлик

18.05.2017 14:35

Чавушоглу изјави дека Турција ќе се збогува со Германија доколку Берлин реши да ја напушти воздухопловната база Инџирлик.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе се збогува со Германија доколку Берлин реши да ја напушти воздухопловната база Инџирлик.

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека германската војска ќе ја напушти базата во Турција доколку на пратениците од Бундестагот и натаму бидат спречени да ја посетат.

Чавушоглу испрати попријателска порака за американската администрација која била поискрена кон Анкара во споредба со претходната.