Објавени најдобрите петорки во НБА лигата за сезонава

19.05.2017 10:41

Харден ги доби сите 500 гласови за член на најдобрата петорка, додека Џејмс е избран по 11. пат и со тоа се изедначи со Коби Брајант и Карл Мелоун.

Во НБА лигата ноќеска немаше натпревари, но затоа беа објавени најдобрите петорки за регуларниот дел на сезонава. Во „првата петорка“ се најдоа: Џејмс Харден (Хјустон – 500 гласови), Леброн Џејмс (Кливленд - 498), Расел Вестбрук (Оклахома Сити - 498), Кавај Ленард (Сан Антонио - 490) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс - 343).

Харден ги доби сите 500 гласови за член на најдобрата петорка, додека Џејмс е избран по 11. пат и со тоа се изедначи со Коби Брајант и Карл Мелоун.

Во „втората петорка“ има двајца играчи од Голден Стејт, кои не се најдоа во „најдобите пет“: Стеф Кари и Кевин Дјурент, а покрај нив се уште Ајзеа Томас (Бостон), Јани Антетокунбо (Милвоки) и Руди Жобер (Јута).

Во „третиот тим“ се наоѓаат: Џон Вол (Вашингтон), ДеМар Де Розан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и ДеАндре Џордан (ЛА Клиперс).