Ле Пен се кандидираше за парламентарните избори во Франција

19.05.2017 11:39

Номинирана е за пратеник од избирачкиот регион на градот Енен-Бомон во северна Франција, каде што владее нејзината партија.

По поразот на претседателските избори во Франција, лидерката на ултрадесничарскиот Национален фрот Марин Ле Пен, најави кандидатура за парламентарните избори во јуни.

Номинирана е за пратеник од избирачкиот регион на градот Енен-Бомон во северна Франција, каде што владее нејзината партија.

Ле Пен планира преку парламентарните избори, Националниот фронт да стане главна опозициска сила.